6 нешта кои влијаат на вашата меморија

Ако често ви се случува да не можете да си ги пронајдете клучевите од домот или автомобилот или во моментот да не може да се сетите на нечие име иако личноста добро ја познавате, не се грижете – поголем дел од таквото заборавање не преставува ништо сериозно. Постојат многу причини за тоа, како на пример:

1) Дисфункционална тироида

Кога тироидната жлезда не функционира како што треба, има повеќе симптоми – чувство на топлина, студ, анксиозност, депресија, но и губиток на меморија. Иако таа нема некоја специфична улога во мозокот, кога не функционира нормално се јавува и овој симптом. Луѓето кои имаат премногу високи или премногу ниски нивоа на тироидни хормони може да имаат проблеми со меморијата и концентрацијата, па така од големо значење е редовно испитување на тироидната жлезда.

2) Недоволно спиење

Додека некои делови од мозокот се „на одмор“ додека спиеме, подлабоките реони кои се вклучени во функционирањето на меморијата и емоционалните одговори на организмот се поактивни. Поради тоа, индивидуите кои имаат пореметувања со спиењето (или спијат недоволно часови) имаат проблеми со меморијата, но и со намалување на вниманието и редуцирано време при реагирањето на одредени стимулации.

3) Анксиозност и депресија

Иако медицината не ја разбира точната поврзаност помеѓу депресијата, анксиозноста и биполарната болест со нервните кола вклучени во создавањето и навраќањето на сеќавањата, неколку студии покажуваат дека таа постои. Пролонгираните стресни периоди го зголемуваат нивото на кортизол во мозокот, што предизвикува губење на синапсите („мостовите“ кои ги поврзуваат мозочните клетки едни со други), што го отежнува креирањето и навраќањето на сеќавањата, а добрата вест е што меморијата изгубена на овој начин е возможно (макар и делумно) да се поврати, со подобрувањето на расположението.

4) Одредени лекови

Голем број лекови против анксиозност (бензодиазепами) делуваат на делот од мозокот кој ги префрла настаните од краткотрајната во долготрајната меморија, а ист е случајот и со некои антидепресиви. Некои лекови за срцевите заболувања, како статините и бета блокаторите, исто така се поврзуваат со проблеми со меморијата, а истото важи и за некои наркотични лекови против болки и антихистамини. Во никој случај не смее да се прекине земањето на лекови доколку се дел од терапија препорачана од доктор, но доколку мислите дека ви влијаат на меморијата потребен е разговор со докторот за да по можност се смени или адаптира терапијата.

5) Пушење



Меѓу другото, пушењето го оштетува мозокот со тоа што ја нарушува испораката на крв кон него. Според испитување извршено врз повеќе од 7000 мажи и жени, било заклучено дека пушачите имале рапиден пад на функцијата на мозокот. Покрај тоа, пушењето предизвикува акумулација на абнормални протеини кои влијаат врз способноста на мозокот да процесира и пренесува информации.

6) Недостаток на витамин Б12

Вегетаријанците и веганите имаат зголемен ризик од недостаток на витаминот Б12, кој ги одржува нервните и крвни клетки здрави и помага во создавањето на ДНК. Тоа е поради фактот што тој витамин природно се наоѓа само во храната од животинско потекло: школките, месото, живината, јајцата и млечните производи. Покрај заморот, губитокот на апетит, запек и губиток на тежина, недостатокот на витаминот Б12 може да доведе и до проблеми со меморијата.

Доколку крвната слика покажува недостаток на овој витамин, задолжително е да се зема како суплемент. Ризични групи кои исто така можат да имаат недостаток од витаминот се и трудниците, постарите лица, оние кои боледуваат од пернициозна анемија, како и од гастроинтестинални пореметувања како целијачна болест (нетолеранција на глутен) или Хроновата болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...