КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖИТЕ?

Препознајте ја разликата помеѓу кашлица и воспаление на белите дробови

Иритантната кашлица, која често се појавува во овој период од годината, прави сите да се исплашиме во случај да се работи за нешто посериозно како што е воспалението на белите дробови.

Сепак, воспалението на белите дробови е акутно воспаление кое обично се создава поради вирус или бактерии. При овој вид на воспаление, пациентите се соочуваат со отежнато дишење, поради што доаѓа до слаб проток на кислород во крвта. Многу е важно на време да откриете дали се работи за воспаление или обична кашлица, бидејќи последиците може да бидат кобни.



Причини за воспаление на белите дробови

Streptococcus pneumoniae е најчестата причина за појава на воспалението. Секако на микроорганизмите им е полесно да го нарушат имунолошкиот систем и да го нападнат кога е во слаба состојба. Можноста за појава на ова воспаление може да зависи од три факти:

  • Колку сте моментално здрави – под ова се мисли во каква ситуација е вашиот имунитет, дали сте склони на алергии и слично.
  • Вашите години – иако ова воспаление не познава години, факт е дека ги погодува најчувствителните, односно децата и постарите лица. Особено критични се они постари од 65 години, бидејќи за нив оваа болест може да биде смртоносна. Баш поради тоа важно е да се лекуваат.
  • Вашата околина – ако во вашата околина владее епидемија на грип или настинка, ризикот да оболите од воспаление е поголем.

Превенција и лекување



За жал, за оваа болест не постојат превентивни мерки кои во целост би го зајакнале имунитетот. Секако, вие мора да се погрижете самите за тоа како да го доведете имунитетот во добра состојба, преку здрава исхрана, примање витамини и редовно вежбање. Откако ќе воспоставите дека е време да го посетите вашиот лекар, тој ќе процени дали е потребна хоспитализација или само куќна нега. Во принцип, лекувањето на воспаление на белите дробови, ако започне на време, не е тешко ниту комплицирано. Само потребно е мирување и антибиотици.

Причини за грижа

Оној момент кога вашата кашлица, која е во ран стадиум сува, ќе стане продуктивна, односно со густ секрет кој го искашлувате, време е да го посетите лекарот. Други симптоми се зголемена температура, чувство на омалаксаност и отежнато дишење. Немојте да чекате бидејќи за оваа болест времето е клучен сојузник на вашето здравје. Штом кашлицата стане болна, веднаш обратете се на лекар!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...