За 5 години дијагностицирање на болестите преку здив

Во блиска иднина, еден брз тест на здивот би можел да биде сосема доволен да се открие дали некој има рак, благодарејќи на новиот уред кој ги анализира хемиските карактеристики на издишаните гасови со цел да дијагностицира болести.

Креиран од интернационален тим истражувачи, проектот е воден од научници од Израелскиот технолошки институт, а при последните тестирања технологијата успеала да „намириса“ болести со 86% точност.

Авторите на студијата чии резултати биле објавени во журналот „Американско хемиско општество Нано“ објасниле дека користеле нано-низа составена од водородни нанотуби и златни честички за да ги изолираат хемикалиите наречени VOC (испарливи органски соединенија) од здивот на 1404 луѓе.

Од овие, околу 800 боледувале од 17 различни болести, додека другите биле здрави. Користејќи масена спектрометрија (техника според која молекулите се анализираат според нивната маса и електричен набој), тие успеале да го идентификуваат хемискиот потпис на овие 17 болести, секоја од нив карактеризирана со специфични концентрации на 13 VOC-ови.

Истражувачите го истренирале компјутерскиот алгоритам да ги препознава овие потписи, креирајќи потенцијално револуционерен дијагностички уред кој користи вештачка интелигенција со неинвазивен метод да открие болести како рак на јајниците, откажување на бубрезите, мултиплекс склероза и многу друг.

Оваа технологија би можела да се појави на пазарот за околу 5 години и потенцијално да чини само $30.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...