Со малку топлина повторно до нормална ерекција

Мажите кои веќе немаат способност природно да постигнат ерекција тешко го доживуваат губитокот на здравата сексуална функција, но сега има нов простетички уред кој би можел да ја поврати.

Научници од Универзитетот во Висконсин, САД развиле егзоскелет за пенисот кој се активира со топлина и кој е изработен од меморискиот метал наречен нитинол – легура од никел и титаниум – кој ја менува формата во зависност од температурата на која што е изложен.

Идејата е да простетиката, откога ќе се имплантира во пенисот, остане во нејзината превиткана форма при нормална температура на телото. Но, кога за тоа ќе дојде потреба, загревајќи го имплантот тој ќе се сврдне и исправи во подолга форма.

Сегашните импланти користат разни пумпи или шипки кои помагаат на пациентите да постигнат ерекција, но овие стари технологии знаат да се тешки и непријатни за користење и потенцијално може да предизвикаат оштетување на ткивата.

Уникатните карактеристики на нитинолот го прават овој нов имплант многу пософистициран – супер еластичниот метал кој е легура која ја меморира формата може да ја „запомни“ оригиналната форма кон која се враќа кога е загреан – во овој случај тоа е исправената, цврста форма.

Инаку, топлината се аплицира врз него преку уред за далечинско управување на кој што моментално работат истражувачите, кој ќе биде потребно само да се приближи до пенисот за да преку индукција го загрее имплантот.

Потребно е уште многу тестирање за еден имплант од овој вид да стане комерцијално достапен, но научниците се надеваат дека доколку новите тестирања покажат дека е безбеден, тој би можел да се појави на пазарот во наредните 5 до 10 години.

Според тимот кој го има создадено имплантот, една третина од мажите со еректилна дисфункција стари помеѓу 40 и 70 години не реагираат на лековите од типот на Viagra, па така ваквиот имплант би имал огромна корист за нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...