Класифициран нов орган во човечкото тело

Истражувачите класифицирале сосема нов орган во нашето тело, кој цело време им бил пред очи но се криел во дигестивниот систем.

Иако структурата на овој нов орган е позната, неговата функција не е сосема јасна, и неговото студирање би можело да претставува клуч за подобро разбирање и третман на абдоминалните и дигестивни болести.

Познат како „набор“ (mesentery), новиот орган се наоѓа во нашиот дигестивен систем, и досега се мислело дека е направен од засебни, фрагментирани структури. Но, најновите истражувања водени во Универзитетската болница Лимерик во Ирска, покажале дека се работи за една континуирана структура, т.е еден орган.

Благодарејќи на овие истражувања, веќе од минатата година медицинските студенти се учат дека „наборот“ е посебен орган.

За што всушност се работи? Тоа е дупла обвивка на перитонеумот – слузницата на абдоминалната празнина – кој цревата ги спојува со абдоменалниот ѕид и ги држи „во место“.

Една од најраните описи на овој набор е направен од Леонардо да Винч, и со векови бил игнориран како небитен елемент во организмот. Докторите кои во меѓувреме го студирале претпоставувале дека се работи за фрагментирана структура, која била неважна.

Но, почнувајќи од 2012, преку детални микроскопски испитувања се утврдило дека тоа не е точно и изминатите 4 години се собирале дополнителни докази за да наборот се класифицира како посебен орган.

Тоа значи дека сега медицинските студенти и истражувачи ќе истражуваат која улога (ако воопшто ја има) наборот ја игра во абдоминалните болести, што ќе придонесе до подобри третмани за пациентите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...