Кога овој ген е дефективен се појавува ракот

Биолози од Универзитетот во Канзас откриле дека единствен ген наречен ретинобластома (RB) е одговорен за еволуцијата на едноклеточните организми во повеќеклеточни, негирајќи ги претходните теории според кои се мислело дека се потребни повеќе гени за креирање на повеќеклеточен живот.

Истиот ген е исто така познат како дефективен кај пациентите со канцер и игра критична улога во еволуцијата на мултиклеточните организми.

RB игра фундаментална улога во множењето на клетките преку регулирање на нивните циклуси пред да започне репликацијата на ДНК-то. Кога овој ген е дефективен, се појавува канцерот. Во однос на циклусот на клетките и на прогресијата на канцерот, на RB може да се гледа како на кочници на автомобилот – кога тие се дефективни, нема начин да се контролира како возилото ќе запре.

Познато е дека билките, животните и габите еволуирале независно едни од други, но истото го правеле и црвените, зелени и кафени алги, како и бактериите. Резултатот кој бил пронајден со RB е интригантен бидејќи генот бил заеднички помеѓу многу од овие независни повеќеклеточни групи, кои меѓу себе биле разделени со стотици милиони години еволуција.

Истражувачите ја споредиле повеќеклеточната Gonium pectoral алга со едноклеточната „роднина“ Chlamydomonas reinhardtii, и откриле дека GB генот е присутен и кај двете, и покрај малечките разлики во структуралниот циклус. А кога RB генот од Gonium-от го внеле во едноклеточната алга, таа станала повеќеклеточна.

Инаку, Gonium-от е претставник на првиот чекор кон еволуција на комплексните повеќеклеточни организми како билките и животните, а овие нови откритија имаат потенцијал да им помогнат на научниците да го разберат потеклото на канцерот, како и да влијаат на идните третмани и начини за негово детектирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...