3D биопринтањето како одговор на недостатокот на органи

Според OPTN – Мрежата за набавки и трансплантација на органи, некој е додаван во националната листа за чекање на транспланти секои 10 минути, што значи 144 нови луѓе секој ден на листата која и сега има над 100 000.

Сите тие имаат надеж дека дента токму нивниот живот ќе биде спасен, а таа среќа ќе ја имаат само некои, додека во просек 22-ца ќе го загубат животот секоја година додека чекаат за компатибилен орган. Едноставно речено, разликата помеѓу понудата и побарувачката на органи е преголема.

Новата технологија би можела тоа да го промени.

Напредокот во полето на 3D биопринтањето овозможува креирање на органи кои ќе бидат потребни за трансплантација. Од телото на пациентот може да се земат матични клетки кои ќе бидат испратени во лабораторија каде ќе бидат култивирани да израснат во типот на орган кој што е потребен. Потоа, биопринтерот би го создал органот користејќи ги овие клетки, по што тој би бил ставен во инкубатор за да созрее. Штом е спремен, пациентот би го примил функционалниот орган кој неговото тело нема да го одбие.

Минатата година истражувачи го развија првото функционално 3D принтано ткиво на црниот дроб, па дури имаа испринтано и малечко срце на чип. Скоро секој ден од човечкото тело бил субјект на успешна студија која вклучувала негово 3D биопринтање.

За жал, бариерите за прифаќање на технологијата за 3D биопринтање не се малобројни.

Растењето на цврсти органи како бубрезите, срцето и белите дробови не е воопшто едноставно, потребни се огромни средства и време за вршење на сите тестови и студии за долготрајните ризици од компактибилноста, како и барање одобрувања од разни законодавни и регулаторни тела.

Една од поголемите потешкотии е недостатокот на слободен пристап до дигиталните модели на органите, кои се неопходни за финалниот продукт да е научно прецизен и медицински употреблив.

Сето ова треба да се поправи за да технологијата стане што попристапна во иднината, што би довело до тоа секој на кој што му е потребен орган, да може веднаш да го добие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...