Нов третман за поправање заби

Истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон пронашле подобар начин за третирање на оштетен заб, кој не вклучува негово пломбирање. Наместо тоа, методот ја стимулира обновата на живите матични клетки внатре во забот.

Пломбите обично се составени од калциум или некој друг продукт и откога еднаш ќе се стават во забот, во него остануваат до крај (освен ако не се скршат). Бидејќи тие никогаш не деградираат, го спречуваат нормалното минерално ниво на забот комплетно да се поврати.

Кога нашите заби се оштетуваат, телото природно произведува дентин, тенок заштитен слој кој ја затвара забната пулпа, спречувајќи го нејзиното експонирање што може да предизвика инфекција. Меѓутоа, овој слој не е доволен за ефективно да ги „средува“ поголемите шуплини, па поради тоа тие се затвараат со пломби.



Новата метода вклучува стимулирање на матичните клетки во забната пулпа да создаваат нов дентин и на тој начин им овозможува на забите да ја користат нивната природна, биолошка способност да ги поправаат поголемите шуплини, редуцирајќи ја потребата за пломби.

Третманот се состои од ставање на биоразградувачки колагенски сунѓер кој содржи мали дози од GSK-3 (glycogen synthase kinase) молекулот во оштетениот заб. Сунѓерот деградира со тек на време (за разлика од пломбите) и се заменува со новиот дентин кој што се создава. Овие колагенски сунѓери веќе се користат комерцијално и се клинички одобрени, што значи дека новата метода за поправање на заби може за многу кратко време да почне да се употребува од стоматолозите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...