Синтетичка антибиотска пајакова свила за преврзување рани

По 5 годишна работа, англиски научници пронашле начин да креираат синтетичка пајакова свила која има антибиотски карактеристики, со која би можеле да се испорачуваат лекови и да се затвораат отворени рани, со намален ризик од инфекција.

Новиот материјал е комбинација од свила, синтетизирана од бактеријата E.coli , и молекули од различни супстанци кои создаваат структура слична на медицинска газа.

Иако на прв поглед делува чудно, но пајаковата свила е материјал кој е исклучително корисен во ситуации кога е потребна прва помош, бидејќи е биокомпактибилна, биоразградувачка и базирана на протеин, а не предизвикува било какви имунолошки, воспалувачки или алергиски реакции.

Тимот истражувачи вели дека користење на ваквиот тип на свила како облога за рани датира уште од времето на античките Грци и Римјани, кои ја користеле за покривање на раните на борците за да го сопрат крвавењето. Процесот обично вклучувал и комбинација од оцет и мед, која раните ги одржувала чисти.

Тимот ја превзел оваа идеја и ја модернизирал со нова технологија – наместо да користат вистинска пајакова свила, тие создале синтетичка, за која откриле дека можат да ја „декорираат“ со тоа што ќе ја прекријат со антибиотски левофлоксацин, лек кој се користи за третман на бактериски инфекции. За тоа да го изведат, антибиотските молекули биле додадени во мешавината од синтетичка свила пред нејзините протеини да ја претворат во нишки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...