ТЕХНОЛОГИЈА ВО ЗАЧЕТОК

Дали бебињата ќе се прават од матични клетки од кожата?

Иако делува како научна фантастика, ова е можност која научниците ја истражуваат откога успешно создале здрави глувци користејќи процес наречен IVG ( ин витро гаметогенеза, т.е процес на создавање и созревање на полови клетки).

Во експериментите со глувците, научниците од матични клетки од кожата создале јајце клетки во почетна фаза, кои ги растеле во лабораторија. Штом созреале, тие ги оплодиле со глувчешка сперма и демонстрирале дека можат успешно да бидат имплантирани во женски глушец кој би служел како сурогат мајка.

Важно е да се наспомене дека оваа технологија е сè уште во зачеток. Креирање на јајце клетки од клетки од кожата е можност, но сега засега е далеку од употреблива кај луѓето.

IVG процесот е револуционерен во областите на медицината кои се занимаваат со плодноста, и на неплодните луѓе може да им даде надеж за потомство, особено оние кај што оваа состојба е предизвикана од третмани против некој вид на рак.

Оваа техника исто така би можела да се искористи за создавање на јајце клетки од машки матични клетки од кожа, со што би се овозможило создавање на деца кај истополови парови.

Тешко е да се предвиди кога и дали оваа технологија воопшто ќе биде спремна за користење кај луѓето, покрај останатото и поради мноштвото дилеми кои би ги предизвикала – на пример, благодарејќи на напредокот на технологијата за уредување на гените, би можеле да се создаваат „подобрени“ ембриони, дизајнирани според потребите на идните родители.

Исто така постои можност од создавање на „ембрионски фарми“ од кои потенцијалните родители би можеле да си бираат ембрион со одредени генетски карактеристики, што некои сметаат дека би ја намалило вредноста на човечкиот живот. А бидејќи бебињата би можеле да имаат три или повеќе генетски родители, тука треба да се земат в предвид законските права и одговорност на секој од нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...