Процес кој ќе им стави крај на лузните на кожата

Човечкото тело може да прави многу импресивни работи, но и покрај сите години еволуција, тоа сè уште го нема усовршено процесот за заздравување на кожата, што нè остава со лузни по телото.

Тим научници од Медицинската школа Перелман при Универзитетот во Пенсилванија веруваат дека пронашле начин да и овозможат на кожата да се регенерира, користејќи масни клетки.

Адипоцитите се видови на кожа кои се регенерираат откога таа ќе се расече, и се полни со масни клетки кои и овозможуваат полесно да се вклопи со остатокот на кожата, како што заздравуваат. Лузните, кои се направени од клетки наречени миофибробласти и кои се создаваат кога кожата се опоравува од длабоки засеци, изгледаат значително различно бидејќи во нив нема масни клетки или влакнести фоликули.

Според истражувачите, при заздравувањето на раните, тајната е први да се регенерираат влакнестите фоликули, а масните клетки потоа ќе се регенерираат како одговор на сигналите од фоликулите, на кој што начин ќе се избегне формирање на лузни.

Како извор на тие сигнали бил идентификуван факторот наречен коскен морфогеничен протеин, кој им „дава инструкции“ на миофибробластите како да се претворат во масни клетки.

Моментално, овој процес е потврден дека функционира кај глувците и кај примероци од човечка кожа во лабораторија. Не се знае дали растење на влакнестите фоликули во рана кај жив човек ќе биде возможно и колку овој процес ќе функционира. Но доколку се покаже како успешен, во иднината нема да треба да се грижиме за создавање на лузни од повреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...