Генетски модификувана салмонела против мозочни тумори

Салмонелата вообичаено се поврзува со трески и труење од храна, но научниците сега направиле генетски создадена форма на бактеријата која може да ги разјадува туморите.

Модифицираната бактерија ги таргетира туморите во мозокот, наместо да прави штети во стомакот, а оваа нова техника може да прерасне во ефикасен третман за еден од најлошите видови на тумори кои што постојат.

Истражувачите од Универзитетот Дјук третманот со модификуваната салмонела го примениле врз глувци со агресивна форма на мозочниот тумор глиобластома, а како резултат животите на 20% од нив биле продолжени за дополнителни 100 дена, во споредба со контролната група на глувци кои не го примала третманот. Инаку, тие 100 дена се еквивалент на 10 човечки години.

Шансите за преживување на овој канцер кај луѓето сега засега се ниски – само околу 30% од пациентите живеат подолго од 2 години откога ќе им биде поставена дијагнозата. Причина за ова е бидејќи туморите се кријат зад бариерата помеѓу крвта и мозокот, која што ја сепарира крвта која циркулира низ телото, од течноста во мозокот. Конвенционалните лекови не можат лесно да поминат низ оваа мембрана, па поради тоа е потребен подиректен пристап за да се запре растењето на глиобластомата.

За тоа да го постигнат, истражувачите искористиле генетски прилагодена и детоксифицирана форма на Salmonella typhimurium, модифицирана така да има дефицит од органското соединение пурин. Глиобластома туморите се голем извор на овој ензим, кој ја предизвикува салмонела бактеријата да го бара во канцерогените клетки – но кога ќе стигне до нив, кај неа се активираат две генетски измени.

Бидејќи канцерогените клетки се мултиплицираат исклучително брзо, кислородот е редок внатре и околу туморите. Знаејќи го овој факт, научниците ја испрограмирале салмонелата да произведува два протеини наречени Азурин и p53, во присуство на ниско ниво на кислород. Откога тоа ќе се случи, овие два протеини им даваат инструкции на канцерогените клетки да се самоуништат.

Истражувачите велат дека оваа техника е многу попрецизна отколку операција, бидејќи бактеријата е детоксифицирана и не би требало да има никакви оштетувачки несакани ефекти за пациентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...