Нов третман за подмладување на жените

Менопаузата за жените е точка од која нема враќање и до скоро нејзините ефекти се сметаа за неповратни. На почетокот од 2016, тим експерти успеал да пронајде начин да ги подмлади јајниците во пост-менопаузата, а сега, по неколкумесечни предклинички тестови, експерти од Genesis Health Clinic во Атина ќе ги започнат првите клинички тестови на оваа метода.

Техниката користи инјекции со плазма богата со плателети (PRP – Platelet Rich Plasma), но за разлика од другите PRP трансфузии, оваа не побарува донор. PRP-ата се добиени со центрифугирање на примерок од крвта на пациентот, со цел да се изолираат факторите за растење, а техниката нуди надеж за жените во менопауза дека би можеле да забременат со помош на нивниот сопствен генетски материјал.

Предклиничките тестови од мај 2016 покажале значајни резултати – PRP-то на жените во менупауза им ги „подмладило“ јајниците, со што им се повратила плодноста, а некои од нив дури и забремениле по третманот. Седумдесет и пет проценти од 60 жени кои биле дел од тестирањата биле способни за зачнување преку природен пат или in-vitro, а 9 од нив и забремениле. Повеќе од 75% покажале покачување на нивоата на хормоните еднакви на оние во младоста – што на некој начин буквално ги подмладило.

Тоа значи дека методава не само што ја враќа плодноста кај жените, туку и елиминира многу од негативните ефекти поврзани со менопаузата.

Целта на новите истражувања ќе биде да се утврди дали ова подмладување е постојано и дали е навистина пронајдена поврзаноста помеѓу губитокот на плодноста и штетните ефекти кои стареењето ги има врз телото.

Клиничките тестирања ќе започнат во февруари 2017 во Грција и во јуни во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...