Пејсмејкер без батерија ги заменува редовните процедури

Пејсмејкерите се уреди кои се имплантираат во градите на пациентот за третирање на аритмија, т.е неправилна работа на срцето.

Проблемот со нив е што за да функционираат потребна им е батерија, која со тек на времето се празни и мора да се менува. Така, пациентите се изложуваат на инвазивни процедури за да се смени батеријата на секои неколку години.

Сега, истражувачи од Универзитетот од Берн и Мичиген, развиле генијален начин да ја избегнат потребата од менување батерии во пејсмејкерите – тие предлагаат внатрешноста од механичкиот рачен часовник да се искористи за формирање на симбиотичка врска помеѓу срцето, механизмот на часовникот и пејсмејкерот.

Новата технологија која ја развиле ја користи кинетичката енергија на отчукувањата на срцето за да го напојува пејсмејкерот, создавајќи перфектен трансфер на енергијата – срцето го напојува уредот, кој го напојува срцето, што овозможува правилни отчукувања.

Швајцарските часовници користат автоматски движења за да функционираат – тоа значи дека енергијата за нивно функционирање се добива преку движењето на зглобот на кој што е часовникот. Малечок тег, наречен ротор, се движи заедно со зглобот, пренесувајќи ја енергијата врз федер кој механизмот на часовникот го користи за да функционира.

Истражувачите го адаптирале овој механизам за да функционира со отчукувањата на срцето, наместо со движење на зглобот, и кога го тестирале кај свињи, откриле дека може да генерира околу 6 микровати енергија, повеќе од доволно за напојување на пејсмеркер.

Тестирањата ќе продолжат и во наредните години додека уредот не се усоврши за комерцијално користење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...