Генетско откритие кое би помогнало во терапиите за ментални заболувања

Главна тема на голем број на студии е подоброто разбирање на начинот на кој што функционира човечкиот мозок. Тој е толку комплексен што бил потребен интернационален тим од 60 истражувачи и експерти кои биле дел од конзорциумот за когнитивна геномика (COGENT) за да „отклучат“ неколку гена вклучени во неговата когнитивна способност.

Интернационалниот тим воден од Тод Ленц од Фајнштајновиот институт за медицински истражувања, студирал гени од 35 000 луѓе, мерејќи ја мозочната функција на партиципантите преку тестови поврзани со учење, меморија и останати компоненти на когнитивната функција.

Тие успеале да откријат нови генетски варијации поврзани со когнитивната способност на мозокот, што на истражувачите во иднина ќе им помогне подобро да разберат како мозокот функционира на молекуларно ниво.

Истражувачите од COGENT исто така откриле молекуларно генетско поклопување помеѓу когнитивната способност и карактеристиките на личноста – дека генетските предиспозиции кон повисока когнитивна способност биле поврзани со поголема „отвореност за нови искуства“. Со други зборови, некои од гените кои ја прават една личност пољубопитна за нови идеи и искуства, се истите оние кои ја зголемуваат когнитивната способност.

Истражувачите се надеваат дека овие нови откритија ќе придонесат за нови и подобри третмани за пореметувањата на мозокот како што се шизофренијата и синдромот на дефицит на внимание и хиперактивност (ADHD), но и за подобро разбирање на Паркинсоновата или Алцхајмеровата болест.

COGENT веќе работат со европски партнери за да го прошират својот тим, со цел во студијата да вклучат повеќе од 100 000 ДНК примероци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...