Фондацијата на Гејтс во повторен обид да го спаси светот

Организацијата започнала нова иницијатива да склопува партнерства со светските лидери за подобро да се подготви светот за справување со наредна голема епидемија. До сега, со помош од владите на Германија, Јапонија, и Норвешка, фондацијата успеала да собере 490 милиони долари од целната сума од 1 милијарда.

Во неговата изјава, Бил Гејтс вели дека случаите со Ебола и Зика покажале дека светот е трагично неподготвен да ги детектира локалните епидемии и на нив да одговори доволно брзо за да ги спречи да станат глобални, и дека без инвестиции во истражувањето и развојот на лекови, светот ќе остане недоволно опремен кога ќе се соочи со наредната закана.

Иницијативата е наречена CEPI (коалиција за иновации и подготвеност против епидемии), и планот е да се таргетираат вируси како MERS-CoV, Lassa и Nipah. Вакцинациите се клуч за запирање на овие епидемии да се случат и се најдобра алатка во потенцијалната борба против нив. Од CEPI се надеваат дека ќе развијат по две вакцини за секој вирус.

Според др. Џоан Лиу, интернационалниот претседател на Доктори без граници, за да новите вакцини успеат, тие мора да се развијат и тестираат пред да започне епидемијата, и мора да бидат достапни и прифатливи за секого во време на здравствена криза.

Непобитни се доказите дека вакцините спасуваат животи – милиони смртни случаи се спречени благодарејќи на нив, а болести кои убивале неброено многу луѓе низ вековите се комплетно искоренети, со многу други кои ги чека истата судбина. Да се надеваме дека преку работата на иницијативата CEPI и земјите кои ја подржуваат, на таа листа ќе додадеме и нови вируси кои нема повеќе да претставуваат закана за човештвото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...