Генетски модификувани клетки излечиле две бебиња од леукемија

Доктори од Great Ormond Street болницата во Лондон објавиле дека успешно излечиле две бебиња од леукемија, откога сите претходни третмани за тоа не успеале.

Тоа го сториле (за прв пат во светот) со генетски модифицирани имунитетни клетки добиени од донор.

Моментално, постојат две методи за внесување на ваков тип на клетки во телото – првата е таа што ја употребиле докторите од лондонската болница, кога Т-клетките (кои му асистираат на имунолошкиот систем со тоа што ги напаѓаат леукемичните клетки) од донорот биле модифицирани да одговараат на секој пациент и во телото биле внесени интравенски.

Втората метода вклучува собирање на крвни клетки од самиот пациент, нивно модификување и повторно внесување во телото интравенски. Втората чини милиони долари и побарува голем логистички напор, па така првата која користи универзални имунолошки клетки е многу попрактична.

Инаку, бебињата пред овој експеримент биле изложени на стандардна хемотерапија, која не успеала.

Доколку оваа метода се воспостави дека доживотно ги излечила бебињата, може потенцијално да спаси милиони животи – докторите би собирале примероци крв од донори, би ги поделиле на стотици дози и би ги замрзнале и складирале за цена од $4000 по доза.

Ова е многу поприфатлива опција отколку втората метода која чини $50 000 за модифицирање на клетките од самиот пациент.

Како многу поприфатлива и ефективна метода отколку сегашниот конвенционален пристап, ова може да биде иднината на третманите против разни типови канцери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...