Создаден химера ембрион од човечки и свински клетки

Потенцијалот кој го пружаат матичните клетки во разни третмани ги тераат научниците постојано да развиваат нови начини за создавање на „химера“ матични клетки, кои се комбинација од човечки и животински клетки.



Химерата која овие научници ја развиваат не личи на повеќеглавото суштество од грчката митологија , туку на генетска химера – организам кој е создаден од клетки кои доаѓаат од различни зиготи.

Тимот истражувачи од Salk Institute работат на развивање на химера од клетки од човек и свиња со цел да се развијат функционални и трансплантабилни органи и ткива, од кој резултат се сè уште далеку, но (важниот) прв чекор е направен.

Тие прво започнале со комбинација на клетки од стаорец и глушец, за потоа да продолжат и со додавање на човечки клетки во комбинација со оние од крава или свиња, бидејќи нивните органи се послични на човечките во однос на големината, а направени биле експерименти со околу 1500 свински ембриони за 4 годишен период.

Во овие ембриони биле вбризгани неколку разни форми на човечки матични клетки за да се одредат кои ќе бидат оние кои ќе преживеат, а најголема шанса за тоа се испоставило дека имаат плурипотентните матични клетки.

Оние клетки кои преживеале формирале човечко-свински ембрион кој бил имплантиран во маторици (возрасни женски свињи) и на кој му било дозволено да се развива 3 до 4 недели, што е доволно долго за да се види колку клетките ќе се помешаат меѓусебно без создавање на етичка загриженост кои би се создале во врска со созреани химера животни.

Научниците биле загрижени дали ваквите комбинирани ембриони би се развиле како „премногу човечки“, но било востановено дека влијанието на човечките клетки било многу мало, што во овој случај и не е лоша вест.

Нареден чекор ќе биде да се зголеми ефикасноста на човечките клетки за да формираат одредени органи кај свињите што ќе се изведе со помош на CRISPR технологијата, со која свинските геноми ќе се адаптираат да отворат празнини кои ќе се пополнат со човечки клетки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...