Новооткриен протеин можен лек за дебелината и тип 2 дијабетес

Според Светската здравствена организација, преголемата тежина е една од најзастапените здравствени состојби во светот – таа влијае на повеќе од 600 милиони возрасни лица, и околу 41 милиони деца помали од 5 години. Од овие, 29 милиони се во САД.

Последиците од преголемата тежина се сериозни – болести на срцето, одредени типови на канцер, тип 2 дијабетес, и ризик од срцев и мозочен удар.

Сега, истражувачи од Католичкиот универзитет во Луваин, Белгија, сметаат дека пронашле начин да го сопрат развивањето на тежината и тип 2 дијабетесот кај луѓето, користејќи скоро откриен протеин.

Истражувачи од Институтот за истражување на лекови во Луваин и од Вилем де Вос универзитетот во Холандија веќе 10 години истражувале бактериум наречен Akkermansia muciniphila, кој бил пронаоѓан во мали количини кај дебелите глувци. Третирањето на овие глувци со бактеријата се покажало дека имало повратен ефект врз неколку метаболички пореметувања кои влијаеле на дебелината.

Од 2015-та, третман со оваа бактерија е започнат кај луѓето – сега засега се знае дека тој не е воопшто штетен (бидејќи се работи за вообичаена бактерија која се наоѓа во стомакот), но е потребен период додека детално се испитаат ефектите.

Во меѓувреме, научниците откриле дека пастеризацијата имала многу позитивен ефект на бактеријата – таа го зголемувала нејзиниот капацитет да го редуцира развивањето на масно ткиво, отпорност на инсулин и дислипидемиа (зголемување на ниво на холестерол и триглицериди) кај глувците.

Пастеризацијата, всушност, го правела бактериумот поефективен бидејќи убивала сè во него освен генетски создадената верзија на протеинот наречен Amuc_1100. Кога бил тестиран кај глувците, овој протеин се покажал како добар за имунолошкиот систем, блокирајќи ги токсините да навлезат во крвотокот, а га зголемувал и цревниот имунитет.

Протеинот е клучот како бактеријата успешно се бори со дебелината кај глувците, а во блиска иднина се очекува истите резултати да се покажат и кај луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...