Лоциран физичкиот извор на депресијата во мозокот

Депресијата е ментална болест која многумина сè уште ја сметаат само како состојба на умот, од која што може „по желба“ да се излезе само со позитивно размислување – што е неточно, и е огромна грешка така да се гледа на неа.

Сега, интернационален тим истражувачи од англискиот универзитет Варвик и универзитетот Фудан во Кина, сметаат дека пронашле доказ од кој дел на мозокот потекнува депресијата.

Според нивното истражување објавено во невролошкиот журнал “Brain”, депресијата е резултат од промените на моделите на врски во клучниот регион на мозокот наречен орбифронтален кортекс (OFC). Истражувачите користеле MRI (магнетна резонанца) со голема прецизност за скенирање на мозоци на повеќе од 900 луѓе, од кои 421 биле пациенти со големи депресивни пореметувања, а било откриено дека чувството на изгубеност и ниска самодоверба било директно поврзано со двете страни на OFC – медиалната и латералната.

Медиалната страна која се активира кога добиваме некој вид на награди, покажала редуцирана функционална конективност кај оние со депресија, а тоа доведува и до послаба функционалност на конективноста на меморискиот систем во хипокампусот (меморискиот центар на мозокот)

Латералната страна, пак, покажала зголемена функционална конективност кај оние со депресија – а тоа е секторот на OFC кој е вклучен во не-наградувачки и казнувачки настани. Оваа страна покажала силна поврзаност со precuneus-от (кој поврзан со чувствата за себе) и angular gyrus-от, одговорен за враќањето на сеќавањата и вниманието, отежнувајќи им на депресивните личности да се чувствуваат убаво во врска со себе поради лесното навраќање на негативните искуства од животот.

Оваа студија може да овозможи драматично подобрување на животите на милиони луѓе низ светот и да води кон третмани подобри од сегашните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...