Лек за намалување на мозочното оштетување по удар

Истражувачи од Универзитетот во Манчестер развиле нов третман кој би можел да ја лимитира штетата предизвикана од мозочниот удар и да промовира заздравување на засегнатиот регион од мозокот, а лекот кој го искористиле за тоа е веќе клинички одобрен.

Објавената студија на научниците објаснува како тие го развиле третманот користејќи глувци одгледани за кај нив да се развие исхемичен мозочен удар, кој е најпревалентен тип на удари и кој се појавува кога артеријата која пренесува крв богата со кислород кон мозокот е блокирана. За кратко време откога глувците го преживеале ударот, тие биле третирани со IL-1Ra (интерлеукин-1 рецептор антагонист), лек против воспалување кој е веќе лиценциран за употреба во третмани за ревматоиден артритис.

Било забележано намалување на оштетувањето на мозокот кое типично се случува по мозочен удар, како и дека лекот предивикал неврогенеза (создавање на нови клетки) во реоните од мозокот кој претрпеле оштетувања. Глувците дури и ги повратиле моторните вештини кои ги изгубиле при ударот.

Инаку, според Центарот за контрола и превенција на болестите, мозочниот удар е 5-та водечка причина за смрт во САД, која засегнува околу 800 000 луѓе секоја година, и се случува кога протокот на крв кон мозокот е прекинат, вообичаено поради згрутчување на крв или парче маснотија откинато од артериите. Состојбата е екстремно опасна бидејќи мозочните клетки можат да изумрат за период од неколку минути по ударот, предизвикувајќи трајно оштетување на мозокот, па дури и смрт.

Иако експериментите се во раните фази од клиничките испитувања, истражувачите се надеваат дека во скоро време ќе започнат поголеми испитувања, како и тестирање врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...