Потенцијален лек за запирање на стареењето

Сè повеќе и повеќе научниците се убедени дека стареењето е болест која може да се стопира, или барем да се забави.

Сега, истражувачи од Русија и Шведска уште подлабоко ја истражуваат оваа идеја во здружена студија, направена од државниот универзитет Ломоносов во Москва и од Стокхолмскиот универзитет, која се фокусира на улогата на митохондријата во стареењето на организмите.

Истражувачите експериментирале со специјален вид на генетички модифицирани глувци, кај кои била предизвикана единечна мутација во нивниот геном која ја значително ја забрзувала митохондријалната мутагенеза. Наместо да живеат повеќе од 2 години, овие мутирани глувци живееле помалку од една година и развиле многу дефекти и болести поврзани со стареењето.

Таа група од 100 дена стари генетски модифицирани глувци биле третирани со синтетичка компонента наречена SkQ1, вештачки антиоксидант кој ја таргетира митохондријата (се клеточна органела која се наоѓа во сите еукариотски клетки), а кој бил развиен во лабораторија во универзитетот во Москва.

Кај оваа група глувци SkQ1 бил додаван во водата за пиење , додека на другата контролна група им била давана чиста вода. Кога глувците биле стари 200-250 дена, било востановено дека контролната група драстично остарела и изгубила тежина, а искусила и пад на температурата, остеопороза и алопециа (автоимуна болест). Исто така, кај нив се намалила и подвижноста како и внесот на кислород. Од друга страна, сите овие симптоми биле драстично забавени кај глувците третирани со SkQ1

Резултатите од студијата покажуваат дека митохондријата навистина игра клучна улога во стареењето, а благодарејќи на позитивните резултати од неа, тимот истражувачи веќе работи на развивање на потенцијални третмани со лекoви базирани на SkQ1. Едниот од нив се капки за очи наречени Visotimin, кои веќе се одобрени во Русија и ја имаат поминато 2-рата фаза од клиничките тестови во САД, додека вториот е орална верзија на SkQ1 која во Русија е веќе во фаза на клинички испитувања, и доколку сè оди според очекувањата, лекот може да биде одобрен за користење во наредните 2-3 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...