Нова техника за одмрзнување на ткива без да се оштетат

Истражувачи развиле техника која им дозволува брзо да одмрзнуваат криопрезервирани човечки и свински примероци без притоа да го оштетат ткивото – што би можело да придонесе за ослободување од листите за чекање на органи за трансплантирање.

Моментално, 22 луѓе во САД умираат секој ден додека чекаат трансплантација на орган. Еден од најголемите предизвици денес не е недостатокот од органи – туку фактот што тие не можат да преживеат замрзнати повеќе од неколку часа без притоа да бидат неповратно оштетени.

Најдобра опција е криопрезервацијата - процес за зачувување на ткива за подолг период на температури помеѓу -80 °C и -190°C, и потоа нивно повторно оживување без оштетување.

Една од водечките криопрезервациски техники е витрификацијата, која вклучува супер-ладење на биолошки примероци до стаклеста состојба на температура од околу -160°C. На овој начин, органите би можеле да бидат чувани со години, што значи дека докторите би можеле да направат банки од расположливи органи кои би биле на располагање веднаш штом на некој му притребаат.

Проблемот е во процесот на одмрзнување, кој предизвикува создавање на кристали лед кои го оштетуваат ткивото, па дури можат и да го напукнат за време на процесот. Колку ткивото е поголемо, толку потешко се одмрзнува без оштетување.

Тоа би можело да се смени со развивањето на новата техника која овозможува брзо одмрзнување без оштетување. За да тоа се постигне, тимот истражувачи користеле наночестички за загревање на ткивото не постепено, туку одеднаш – што значело дека ледените кристали не можеле да се формираат.

Железо-оксидните наночестички обложени со силикат биле измешани во мешавина која генерирала униформна топлина кога била изложена на надворешно магнетно поле, и секој пат кога истражувачите загревале човечко или свинско ткиво со волумен помеѓу 1 и 50mL, ткивата загреани со наночестички не покажале знаци на оштетување, во споредба со контролните ткива кои биле одмрзнувани со класичната метода со постепено загревање.

Во иднина, се смета дека нанозагревањето ќе може да се примени на поголеми ткива и органи со волумен од 1 литар и нагоре.

Тимот вели дека на поголемите ткива ќе биде потребно наночестичките да им се вбризгаат, наместо само да се постават околу нив, и дека тоа е следното што ќе го тестираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...