Нова терапија која по само еден третман го уништува ракот

И покрај големиот напредок на медицината во изминатиот век, лекот за една од најзастапените и катастрофални болести во светот сè уште не е пронајден. Но благодарејќи на едно ново испитување, тоа наскоро би можело да се смени.

Kite Pharma, фармацевтска компанија од САД, ги објави резултатите од нивната 6 месечна студија со генска терапија, по која по само една рунда пациенти со терминален канцер биле во комплетна ремисија.

Третманот вклучувал филтрирање на крвта на пациентите со цел да се отстранат Т-клетките, кои се клетки на имунолошкиот систем кои можат генетски да бидат модификувани во лабораторија за да ги идентификуваат клетките од канцерот.

Пациентите кои партиципирале во тестирањата имале еден од трите типа на non-Hodgin лимфом, а напредната состојба во која што бил нивниот рак значела дека имаат преостанато само уште неколку месеци живот. Меѓутоа, по првата рунда генска терапија која била изведена 9 месеци откога тестирањата започнале, половина од пациентите не само што сè уште биле живи, туку третина од нив биле и излечени.

Иако резултатите се исклучително охрабрувачки, третманот не е без ризици.

Бидејќи терапијата во суштина го преоптоварува имунолошкиот систем со радикалното менување на клетките, возможно се разни компликации, од кои некои може да се фатални. За време на тестирањето, двајца пациенти починале како резултат на терапијата, а не поради болеста, а некои развиле анемија. Биле забележани и пациенти со невролошки проблеми, но овие несакани ефекти за среќа траеле само неколку дена.

Потребни се уште студии за да се разберат несаканите ефекти од оваа терапија, потенцијалните компликации и долгорочни бенефиции.

Целосните резултати од студијата нема да бидат презентирани до април, а фармацевтската компанија прво ќе мора да добие одобрение од европските регулаторни одбори пред терапијата да биде на располагање на сите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...