Копче за „ресетирање„ на стареењето на крвните клетки

Од ревитализација на срцеви удари и зголемување на долговечноста, до отстранување на недостатоци преку едитирање на гените, на предизвиците поврзани со крвта им се пристапува веднаш штом постои некоја нова иновација која може да помогне за тоа.

Истражувачи од Универзитетот Лундс во Шведска сега развиле нова метода со која со крвните нарушувања би се справувале проактивно.

Нашата крв се менува како што старееме благодарејќи на епигенетиката, процес со кој нашата генетска експресија се замолчува или активира без модифицирање на самиот генетски код. Шведските истражувачи решиле подетално да ги истражат хематопоетските матични клетки (HSC) кај остарените глувци за да видат дали би можеле да ги „отклучат“ мистериите во врска со стареењето на човечките клетки.

HSC клетките се прогенитори на сите останати крвни клетки. Како старееме, така стареат и клетките во нашето тело, а кога тоа им се случува на крвните, тоа не прави повеќе ранливи за болести како леукемијата, кои ги таргетираат токму овие клетки.

Истражувачите од Лундс ја набљудувале редуцираната функционалност на крвните клетки кај глувците, а кога на истите им биле вметнати индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS), што во суштина е „пакет“ од „свежи“ матични клетки, се случило нешто фасцинантно. iPS клетките служеле како еден вид „копче за ресетирање“, репрограмирајќи ги крвните клетки кај кои било предизвикано еден вид на подмладување. Така, HSC клетките кај старите глувци почнале да произведуваат крвни клетки слично како што тоа се случувало кај младите глувци.

Податоците од оваа студија сугерираат дека стареењето на HSC клетките може да се промени со вметнување на iPS клетки, и тимот се надева дека е поблиску до развивање на терапии кои би го намалиле развивањето на крвните пореметувања, тука вклучувајќи ги трите главни типа на крвни канцери (леукемија, лимфома и миелома) и над 100 болести поврзани со крвта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...