Лепенка против алергија од кикирики

Околу 1.5 милиони деца во САД се алергични на кикирики, алергија која често пати е толку тешка и на  најмал допир со нив може да предизвика екстремна реакција.

Компанијата DBV Technologies работи на лепенка која оваа реакција значително ја олеснува и чие досегашно тестирање дало одлични резултати – на конференција на американската академија за алергија, астма и имунологија, биле презентирани резултатите од досегашните студии кои покажале дека 83% од децата со старост од 6 до 11 години кои биле дел од тестирањата (а кои биле алергични), можеле да јадат до 1 грам кикирики без да имаат било каква алергиска реакција по 3 годишно носење на лепенката.

Тоа е 10 пати повеќе од количината која партиципантите можеле да ја поднесат (пред да се појави алергиска реакција) на почетокот на тестирањата.

Во декември 2015, компанијата ја започнала 3-тата фаза од тестирањата , каде лепенката ќе биде испитана врз деца на возраст од 4-11 години.

Лекот кој го таргетира имунолошкиот систем се испорачува низ кожата преку процес наречен епикутана имунотерапија – секоја лепенка од внатре е испрскана со примерок од протеин од кикирики, и штом се постави на кожата, тој навлегува во имунолошкиот систем избегнувајќи го крвотокот, што доколку се случи ќе ја предизвика несаканата алергична реакција.

Покрај онаа на кикирики, DBV развиваат лепенки за третирање на алергии од останати видови на храна како млекото и јајцата, но и на останати кои не се поврзани со храната, а предизвикуваат астма.

Компанијата исто така истражува и третмани поврзани со Хроновата болест, целијачната и тип 1 дијабетес, користејќи ја истата технологија за имунотерапија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...