Нова студија објавува детали како тим истражувачи од Универзитетот од Каролина успешно вакцинирал глувци против еден серотип (нишка) на денга вирусот. Ова потенцијално може да помогне на 350 милиони случаи низ 120 земји кои секоја година заболуваат од денга треската.
Оваа вакцина е различна од оние направени при претходните обиди кои користеле живи примероци од денга вирусот, бидејќи е составена од наночестички.
Користејќи шаблон за репликација на честички, истражувачите дизајнирале наночестички во разни форми и големини – од 55x70nm до 200x200nm. Тие потоа биле исполнети со DENV2-E протеини, клучниот протеин од денга серотипот 2.
31 глушец бил имунизиран со контролна инјекција (која содржела растворени DENV2-E протеини), или една од 5 различни варијации на вакцината со наночестички. За да се следат имунолошките реакции, од глувците во разни фази на имунизацијата биле земани примероци од крв, коскена срж, и лимфни јазли, а резултатите покажале дека оние вакцинирани со формулациите со наночестички имале посилни имунолошки реакции.
Претходните обиди за вакцинација против денга вирусот често создавале нерамнотежа во имунитетот на некоја од четирите нишки, па дури и последиците од некои нишки ги правеле потешки. Истражувачите се сигурни дека со понатамошно развивање на вакцината ќе развијат слични наночестички за сите четири нишки на денга вирусот.
Оваа платформа би можела да се искористи и за развивање на безбедна вакцина против слични вируси како што е Зика вирусот, каде што како целна група за вакцинирање би биле бремените жени.