Нов третман уништил рак на дојка без хемотерапија

Ново клиничко тестирање ги демонстрирало позитивните ефекти предизвикани од комбинацијата на лековите лапатиниб и трастузумаб против HER2 позитивниот рак на дојка, за само 11 дена.

Водена од истражувачите од Институтот за истражување на канцери во Лондон, Универзитетот од Манчестер, и Универзитетската болница од Јужен Манчестер, студија која се состоела од 257 жени со HER2 позитивен рак на дојка била поделена во две групи кои биле подложени на третмани 11 дена пред операцијата за негово отстранување. Жените кои биле третирани со комбинацијата од лекови биле споредени со оние кои примале само еден или ниеден од лековите, а за да се пристапи до резултатите, биле земени примероци од ткивото на ракот еднаш преку иницијалната биопсија, а потоа и за време на операцијата. Тоа било направено со цел да се одреди дали се појавило намалување на количината на Ki67 протеинот, што укажува на размножување на канцерните клетки.

Резултатите покажале дека не само што протеинот се намалил кај оние кои ја добивале комбинацијата лекови, туку 11% од тие жени биле класифицирани дека имаат комплетен патолошки одговор, што значи дека кај нив не биле пронајдени никакви активни клетки на рак. Дополнителни 17% од така третираните жени, пак, покажале минимални остатоци на ваквиот тип клетки.

И покрај исклучително позитивните резултати, истражувачите велат дека се потребни понатамошни студии и потврдување на резултатите.

Инаку, лековите лапатиниб и трастузумаб се препорачуваат наместо традиционалната хемотерапија во случај на рак на дојка бидејќи ги таргетираат и убиваат клетките на ракот со прекумерна експресија на HER2 генот.

Во светски рамки, една од пет жени кои се дијагностицирани со рак на дојката го имаат HER2 типот, кој е еден од поагресивните форми на болеста. Иако новата комбинација од лекови не е конечен лек, сепак претставува силна основа за идните истражувања фокусирани на уништување на HER2 позитивните канцери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо и Фата излегле со кучето на прошетка, кога по некое време Фата се сетила дека заборавила да облече гаќи. И му текнало на Мујо идеја:
- Фато, дај на кучето да те помириса...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација...
Верски календар
маченик и архиѓакон Лаврентиј. Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено...
На денешен ден
1839.- Велика Британија на почетокот на...
1914.- Јапонија и објави војна на Германија во...
1939.- Министрите за надворешни работи на...
1962.- Американскиот телекомуникациски сателит...