Како бесмртните клетки на една жена спасиле стотици илјади животи

Замислете ја ситуацијава: вие сте лекар во една од најпознатите здравствени установи во светот и ви доаѓа пациентка со многу агресивна форма на рак на матката, од која ги земате клетките за да го студирате нејзиниот случај. Но, додека ги студирате, откривате нешто чудно – по неколку клеточни поделби, тие не изумираат како останатите клетки во лабораторијата – всушност, тие воопшто не умираат.

Тоа му се случило на Џорџ Ото Геј во 1950-тата година, пред да постојат било какви прописи за собирање на клетки од пациенти и тој решил да ги задржи клетките за да ги употреби во понатамошни истражувања. Неговиот пациент била 31 годишната Хенриета Лакс.

Клетките од нејзиниот рак во научната заедница биле именувани како ХеЛа клетки, а тие дури и 60 години по нивното собирање сè уште се најкористената линија клетки во светот, произведени милијарда пати досега. Тоа е поради фактот што тие биле првите клетки кои преживеале “in vitro” (во тест цевка) и поставиле основа за некои најзначајните откритија во модерната медицина.

Меѓу другото, благодарејќи на клетките на Хенриета постои полио вакцината. Од 1840 до 1950, полиомиелитисот (т.е детската парализа) претставувал смртоносна глобална епидемија од која не бил поштеден ни претседателот на САД Френклин Рузвелт. Вакцината која била развиена од Џонас Салк во 1952 била возможна само поради тоа што ХеЛа клетките успеале да преживеат in votro. Tие биле лесни за инфицирање и студирање, што овозможиле да се развие вакцината и болеста комплетно да се елиминира – со само 403 пријавени случаи во 2014-та. Вакцината спречила 650 000 смртни случаи и 13 милиони случаи на парализа од 1988, а ништо од ова немало да е возможно без „бесмртната“ линија на клетки на Хенриета Лакс.

Тие влијаеле и врз студирањето на разните видови ракови, растење на клетките во вселената, ХИВ, човечкиот геном, туберкулозата, HPV, Паркинсоновата болест, па дури и за производство на некои козметички препарати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...