Сперма претворена во оружје против гинеколошки канцери

Пренесувањето доволно токсичен материјал на вистинско место во телото за да ги убие туморите и не оштети ништо друго, отсекогаш барало неконвенционални решенија.

Едно такво решение би било обвиткување на сперматозоидите со железни “одела“ и нивно наведување со користење на магнетни полиња, водејќи ги до женскиот репродуктивен систем зафатен со рак.

Истражувачи од Институтот за интегративна нанонаука и Технолошкиот универзитет Чемниц во Германија, пронашле начин да го искористат овој веќе добро адаптиран природен процес на движење на сперматозоидите низ грубите средини на вагината, цервиксот, матката и јајцеводите, за третирање на состојби како гинеколошките канцери, ендометриозата, како и карличните инфламаторни заболувања.

Испорака на лекови во ефективни дози до вистинското место во телото, без да се оштетат здравите клетки е едно од најголемите предизвици во истражувањето на третмани за канцерите – нивното пакување во микроскопски садови наречени липозоми помага, но за жал не е претерано ефикасно бидејќи се јавуваат проблеми како нивно предвремено „протекување„ во телото и потешкотии во врска со испораката до целните клетки.

Природата нуди решение во форма на клетки кои можат да се движат самите со помош на „опавчето“ наречено флагелум, додека се движат во правец на хемиски жаришта. Благодарејќи на нив, многу врсти на бактерии би можеле да се искористат за навигација низ телото во потрака по хемиски обележани цели, но лошата страна е што тие најверојатно би биле уништени од нашиот имунолошки систем многу пред да се доближат до саканата цел.

Спермата нуди подобра солуција од тоа, особено за состојбите како оние кои се случуваат во внатрешноста на женскиот репродуктивен тракт – не само што сперматозоидите можат да се движат низ таа околина, туку нивните мембрани нудат одличен начин за складирање на лекови без да протекуваат, бидат разложени од ензимите во телото или да го активираат имунолошкиот систем.

Истражувачите ја тестирале нивната идеја со потопување на сперматозоиди од добиток во еден вид на хемотераписки лек наречен доксорубицин, кој вообичаено се користи за третирање на гинеколошки канцери преку спречување на растењето на одредени големи протеински молекули, и потоа нивно наведување во вистинскиот правец за што бил 3D отпечатен малечок оклоп прекриен со тенок слој железо кој реагирал на магнетните полиња аранжирани така да ги водат сперматозоидите да пливаат во одреден правец.

На предниот дел од оклопот биле поставени 4 флексибилни „раце“, дизајнирани да се превиткуваат како што навлекуваат во клетката, и да го ослободат сперматозоидот од него.

Со вака опремени „шверцувачи“ на лекот, истражувачите извршиле серија експерименти да ја тестираат нивната подвижност, способност за наведување и испорака на лекот во лабораториски израснати канцер клетки наречени HeLa.

Резултатите биле позитивни – иако оклопот им ја намалувал брзината скоро на половина од вообичаената, тие сепак успевале да го испорачаат лекот во внатрешноста на канцерогените клетки, барем во Петриев сад.

Иако има уште многу работа за да се одреди дали оваа метода би функционирала кај луѓето и дали постојат несакани ефекти од отфрлениот „оклоп“, ова сепак претставува импресивен прв чекор во третман кој би можел да спаси живот на илјадници жени низ светот дијагностицирани со гинеколошки канцер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...