CRISPR пилула како замена за антибиотици

Како отпорноста на антибиотици се зголемува, научниците очајно се обидуваат да изнајдат најдобар начин како да се борат против бактериум како Clostridium difficile, кој може да предизвика фатални инфекции по болниците и старечките домови. Овој бактериум е рангиран како најголема закана отпорна на лекови која е одговорна за околу 15 000 смртни случаи годишно (во САД).

За борба против него се истражуваат неколку начини, од кои најскориот доаѓа од проект финансиран од Националниот институт за здравје.

Предложеното решение користи CRISPR, најпрецизната и најефикасна технологија за едитирање гени во светот, со чија помош е креиран коктел од пробиотици кои пациентите можат да го голтнат како течност или во облик на пилула.

Коктелот од бактерии вклучува и бактериофаж – вирус кој инфицира бактерии – способен да пренесува специјална „лажна“ CRISPR порака до C.difficile, која ќе предизвика таа да си ја самоуништи сопствената ДНК.

Моментално, овој пробиотик е во раната фаза на постоење, и потребно е да се тестира врз животни.

Несаканата последица од антибиотиците е дека тие ги уништуваат микробите во стомакот, додека CRISPR е идеален за користење за вакви врсти на лекови бидејќи тие би имале исклучително специфична намена, без последици кои ќе штетат на било што друго освен на она против кое треба да се борат.

Ваквите лекови би можеле да уништат еден вид на микроби, без да ги допрат околните бактерии. Како контраст на ова, антибиотиците ги уништуваат и добрите и лошите бактерии, што води до отпорност кон нив. Доколку новиот пробиотик се покаже како успешен, CRISPR би не само што ќе стане најефективната алатка за едитирање на гени во светот, туку и најдобра технологија за уништување на бактерии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...