Контактни леќи за детектирање канцер и следење на нивото на гликоза

Во иднината, контактните леќи не само што ќе помагаат подобро да гледаме, туку ќе помагаат и во спасување на нашите животи.

Инженери од Државниот Универзитет Орегон работат на вметнување на транспарентни сензори во контактни леќи, со чија помош би се надгледувале биомаркери кои би го следеле користењето на лекови, нивото на гликоза во крвта, па дури и би детектирале рани знаци на канцер.

Грег Херман, хемискиот инженер кој го води ова истражување, вели дека за дизајнирање на биосензорите било користено соединението кој тој со уште некои колеги го измислиле, наречено IGZO – индиум галиум цинк оксид, кое веќе ја има револуционеризирано осетливоста на екраните чувствителни на допир.

IGZO овозможува постојано следење на нивото на гликоза преку ензимот кој реагира со неа и

кој ја менува кондуктивноста на леќата, со што му сигнализира на пациентот за промената на нивото. На овој начин, дијабетичарите ќе имаат далеку поголема флексибилност во справувањето со нивната состојба и мерење на нивото на гликоза, наместо постојано да се боцкаат за да истото го проверат.

Теоретски, во едно квадратче од 1mm би можеле да се вметнат над 2500 разни биосензори, детектирајќи работи како нивото на урична киселина, како и биомаркери за канцер.

Ваквите леќи се сè уште во рана фаза и тешко е да се процени колку време ќе треба пред да бидат достапни на пазарот, но научниците веќе преговараат со неколку компании и се надеваат дека тоа ќе го забрза создавањето на оваа технологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...