Експериментален спреј за испорака на лекови директно во мозокот

Лекови кои спасуваат живот наскоро би можеле да се испраќаат директно во мозокот преку носот, благодарејќи на нов спреј кој користи златни наночестички за да ја пробие бариерата помеѓу крвта и мозокот.

Оваа заштитна бариера ги штити нашите мозоци од оштетувачките токсини, но исто така ја намалува ефикасноста на лековите – па така овој нов назален начин на нивна испорака би овозможил разни типови на нови третмани.

Спрејот е развиен од тим истражувачи од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој го тестирал врз антените на скакулците – инсекти со бариери помеѓу крвта и мозокот и олфакторни мрежи (кои служат за мирисање) кои се анатомски слични како оние кај луѓето.

Базирано на резултатите од овие тестови, назалниот метод со спрејот би ги испорачувал лековите до мозокот за 30 до 60 минути.

Истражувачите развиле аеросол спреј направен од златни наночестички, доволно мали да ја поминат бариерата помеѓу крвта и мозокот. За следење на нивното движење, им биле додадени флуоресцентни маркери, и било заклучено дека кога скакулците биле испрскани со спрејот, наночестичките за само неколку минути се движеле низ антените, олфакторните неврони и бариерата меѓу крвта и мозокот, пред да се рашират низ него. Што е уште поважно, не биле забележани никакви значајни промени во олфакторните неврони, сугерирајќи минимален прекин на мозочните функции.

Следен чекор ќе биде адаптирање на техниката за златните наночестички да можат да носат разни типови на лекови.

Доколку ова успее, ќе виде најдобрата опција за испорака на лекови до мозокот, бидејќи апчињата не се доволно прецизни и лековите во нив имаат потешкотии да ја пробијат бариерата помеѓу крвта и мозокот, додека пак инјекциите директно во мозокот се премногу инвазивни и се ризични поради можно оштетување на мозочното ткиво.

Научниците вклучени во оваа студија велат дека нивната работа може да доведе до подобрување на третманите за разни здравствени проблеми, вклучувајќи ги и мозочните тумори кои би биле таргетирани користејќи ја комбинацијата од назалниот спреј и ултразвук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...