Можеби веќе имаме лекови за спречување на деменцијата

Невродегенеративните болести создаваат симптоми на деменција бидејќи предизвикуваат изумирање на клетките во мозокот и ‘рбетниот мозок, а губитокот на нивната функција значи редуцирана способност за контролирање на движењата, носење ефективни одлуки, и навраќање кон мемориите. Невродегенерацијата е катастрофална бидејќи не постои едноставен начин да се регенерираат овој вид на клетки.



Вакви болести се Алцхајмеровата, Хантингтоновата, мултиплекс склерозата, и Паркинсоновата. Во 2015, над 46 милиони луѓе во светот биле дијагностицирани со деменција, а ако ова темпо продолжи, до 2030 таа бројка ќе се зголеми до над 74 милиони, а до 2050 ќе достигне 131.5 милиони.

Сега, научниците можеби пронашле два лека кои можат овие болести да ги направат дел од минатото.

Деменцијата може да биде предизвикана од природниот одбрамбен механизам кој мозочните клетки ги имаат против вирусите и нивните протеини – тие се исклучуваат, со што се запира протеинската заштита и го спречува ширењето на вирусот. Многу невродегенеративни болести предизвикуваат невроните да произведуваат погрешни протеини, што е причина мозочните клетки како одговор на нив да се исклучат, и доколку останат во таа состојба подолго време, и да се изгладнат додека не изумрат.

Во 2013-та истражувачите пронашле состојка која која ги стопирала мозочните клетки кај животните од изумирање спречувајќи го нивното исклучување како реакција на протеинот, меѓутоа подоцна било откриено дека истата состојка предизвикувала оштетување на органите кај луѓето.

Сега, во нивната потрага по други лекови кои имаат слични ефекти, тие пронашле два кои веќе луѓето ги користат, а имаат подеднакви заштитни ефекти врз мозочните клетки.

Повеќе познатиот лек е традозон, кој вообичаено се зема за депресија. Помалку познатиот е дибензолметан, кој се тестира кај пациенти со канцер. Бидејќи традозонот веќе е одобрен како безбеден за човечка употреба, доколку тимот истражувачи успее да докаже дека делува и како лек против деменција, времето потребно да стигне на пазарот ќе биде релативно кратко.

Тие се надеваат дека наскоро ќе започнат со клинички тестирања, и ќе имаат потврда на резултатите од нивната теорија во наредните 2 до 3 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...