CRISPR техника која го уништува „командниот центар“ на ракот

Изминативе неколку месеци беа прикажани фантастични резултати постигнати со алатката за едитирање на гени CRISPR. Во септември 2016 истражувачи во Германија успешно ја искористиле за отстранување на мутации од канцер, во ноември кинески истражувачи за првпат ја искористиле врз човек, а во јануари годинава биле откриени анти-CRISPR протеини преку кои би се имала поголема контрола врз оваа алатка кога се употребува врз луѓе.

Сега, истражувачи од Универзитетот во Питсбург ја искористиле CRISPR техниката за таргетирање на „командниот центар“ на ракот, зголемувајќи ги шансите за преживување и намалувајќи ги агресивните тумори без оштетување на здравите клетки кај глувците. Методата ги таргетира гените за фузија, мутации кои се развиваат кога два различни гени ќе се спојат во еден хибриден, што често води до канцер.

Тимот истражувачи трансплантирал канцерогени клетки од човечки црн дроб и простата во глувци, и потоа ја искористил CRISPR алатката за таргетирање на фузиските гени.

Кај контролната група глувци врз која биле таргетирани фузиски гени кои не биле присутни во туморите, туморите нараснале 40 пати поголеми и се прошириле низ останатите делови од телото. Ниеден глушец од контролната група не го преживеал овој тест период.

Кај експерименталната група кај која биле таргетирани фузиски гени кои биле присутни во нивните тумори, тие се намалиле за 30% и не се прошириле низ телото. Сите животни врз кој бил извршен овој третман преживеале до крајот на тестирањето, што претставува зголемување на шансите за преживување од 0 до 100%.

Фактот што овие фузиски гени се генетички уникатни ги прави лесна цел за CRISPR, кој може да ги таргетира и да ги замени со нешто друго. Во овој случај, истражувачите ги замениле со гени кои го убиваат ракот без да наштетат на здравите клетки – нешто што е невозможно со хемотерапијата.

Иако овие драматични резултати се возбудливи, тоа не значи дека истиот третман ќе биде ефективен и кај луѓето, а сè уште не се ни најавени клинички тестирања. Пред тоа да се случи, истражувачите се надеваат дека ќе ја унапредат технологијата уште повеќе, и ќе тестираат да видат дали со неа може ракот комплетно да се уништи, а не само да се стави во ремисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...