Прва синтетичка мрежница од меко ткиво

Истражувачи креирале прва вештачка мрежница во светот користејќи меко синтетичко ткиво, за кое велат дека може да се користи за развивање на нова генерација од помалку инвазивни бионички очни инпланти во иднината.

Направена од комбинација од хидроген на водена база и протеини чувствителни на светлина, синтетичката мрежница е дизајнирана да ја имитира функционалноста на биолошката, додека егзистира во хармонија со ткивото од кое се состои остатокот од внатрешното око.

Хемискиот биолог Ванеса Рестрепо – Шилд од Универзитетот Оксфорд вели дека човечкото око е неверојатно чувствително и туѓи тела како метални инпланти можат да го оштетат, што доведува до воспаленија и создавање лузни. Но, биолошки синтетички инплант кој е базиран на вода и мек, е многу поприкладен за окото.

Мрежницата е мембрана позиционирана во позадината на окото, каде милиони клетки чувствителни на светлина наречени фоторецептори ги регистрираат фотоните (т.е честичките светлина) кои се канализирани преку зеницата на предниот дел од окото.

Кога тие ќе удрат во мембраната, фоторецепторите ја конвертираат светлината во електрични сигнали кои преку нервниот систем патуваат до мозокот кој ги интерпретира, и ни помага да ја создадеме сликата на светот околу нас.

Генетски мутации може да доведат до дегенерација на мрежницата и состојби како retinitis pigmentosa, кога фоторецепторите изумираат – што е токму состојба идеална за искористување на артифициелна мрежница.

Тимот на Рестрепо-Шилд развиле нејзина синтетичка замена креирајќи 4х4 низа од воден раствор на капки кои содржат бактериородопсин – протеин чувствителен на светлина кој се наоѓа во едноклеточните микроорганизми наречени археи.

Однесувајќи се како мрежа од 16 пиксели, овие клетки од хидроген имитираат многу основна мрежница која сликите ги обработува во „ниска резолуција“. Лабораториските тестови покажуваат дека уредот е способен да регистрира едноставни, коцкасти црно-бели слики – ништо приближно на вистинската мрежница, но сепак, се работи за добар почеток.

Истражувачите објаснуваат дека нивниот прототип кој сè уште не е тестиран во живо ткиво е само доказ дека концептот функционира и работат на негово развивање во бионички инплант, како и на можноста да регистрира бои.

Откога тоа ќе се направи, планот е да се тестира во животни, а потоа и во клинички тестови врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...