Инплант кој користи телесни течности како гориво

Пејсмејкерите и останатите уреди кои се имплантираат досега имаат спасено многу животи, но со себе носат и одредени ризици.

Нивното имплантирање побарува инвазивни хируршки интервенции и период на заздравување подолг отколку вообичаениот бидејќи телото не само што треба да се поврати од операцијата, туку и да се прилагоди на туѓиот објект во него.



Вообичаено, овие уреди се напојувани од батерии кои се трошат и претставуваат ризик доколку уредот не се замени на време и престане да работи. Нивната замена, пак, значи дека повторно е потребна хируршка интервенција и заздравување, а покрај тоа во нив има токсичен материјал кој има потенцијал да истече во телото.

Истражувачи од UCLA и Универзитетот во Конектикат дизајнирале нов био-пријателски извор на енергија за медицински инпланти наречен „биолошки супер-кондензатор“, кој движењето и топлината од човечкото тело ги претвора во енергија, користејќи ја природната хемија на телото за да генерира моќност.

Течностите во човечкото тело содржат јони, наелектризирани честички кои уредот може да ги користи како извор на енергија. Биолошкиот супер-кондензатор е направен од графин и премачкан со човечки протеини модифицирани да се однесуваат како електроди, а неговиот дизајн дозволува изработка на помалечки инпланти – на пример, половина од големината на денешните пејсмејкери ја зазема батеријата, додека новиот инплант е тенок само 1 микрометар – помалку од дебелината на човечко влакно.

Истражувачите сметаат дека овој дизајн може да се аплицира и на други начини внатре во телото, на пример за стимулирање на мозокот или за растење на коски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...