Лепило базирано на школка за рани без лузни

Нашата кожа го заштитува телото од надворешните влијание, а штом таа бариера е компромитирана со отворање на рана, одбранбениот систем на телото се става во акција. За жал, таа акција резултира со создавање на лузни, бидејќи сè уште не сме способни за регенерирање на клетките на кожата да се вратат во нивната првобитна состојба.

Кога кожното ткиво е оштетено со длабок засек, се поправа самото себе така што раната ја полни со колаген. Овој протеин е клучната состојка за формирање на нормално кожно ткиво, но кога ја затвара раната, колагенските влакна формираат лузна бидејќи не се поставуваат во истата форма како што тоа го прават во кожата.

Една од опциите за подобро заздравување на рани е користење на лепило базирано на хемикалиите слични на оние во Супер-лепилото. Но не сите рани можат да се залепат бидејќи лепилото може да предизвика иритација на кожата, а и често пати не делува кога е потребно раната постојано да е влажна.

Тим од корејски истражувачи се заинтересирал за лепило од школки, бидејќи тие имаат способност да се лепат за карпи кои се постојано под удар на океанските бранови, а хируршкото лепило мора да функционира добро во влажна околина.

Така, научниците од Универзитетот за наука и технологија Поханг во Јужна Кореа, измислиле ново лепило за рани од лепливиот протеин на школките кои го искомбинирале со пептид кој го сврзува со колагенот.

Тие го тестирале лепилото врз глувци, ставајќи го на 8 милиметри широки рани кои биле покриени со пластика со цел да останат влажни. За споредба, кај контролната група глувци раните биле само покриени со пластика, без да им биде аплициран лепакот.

Ефектите од новата супстанца биле видливи за само 10 дена – кај тестираните глувци 99% од раните биле сосема затворени 11-тиот ден, а тие сосема се опоравиле со многу малку лузни до 28-миот ден. Кај контролната група глувци останале видливи виолетови лузни, а нивното опоравување траело подолго.

Она што било најимпресивно е фактот дека глувците врз кои бил употребен новиот лепак практично израснале нова кожа на раните, со сите карактеристики кои ги има кожата а не лузните, како што се фоликулите на влакната и крвни садови.

Наредно е тестирањето на лепакот врз свињи, чија кожа има многу послична структура на човечката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...