Уред за слушање звуци од клетките

Инженери од Калифорнискиот Универзитет во Сан Диего креирале оптичко влакно со нано големина кое може да почувствува неверојатно слаби сили - од турбуленцијата генерирана од бактерии кои пливаат, до звучни бранови кои доаѓаат од отчукувањето на клетките на срцето.

Оваа технологија вградена во биолошки системи би ни овозможила набљудување на индивидуални клетки и би не предупредувала доколку почнат да се случуваат суптилни процеси како претворање на нормални клетки во канцерогени.

Оптичкото влакно било креирано од оксид од калај, и е 100 пати потенко отколку човечкото влакно. Потоа било премачкано е со тенок слод од полимер на кој му биле додадени златни наночестички, и сè што требало да му се направи за да функционира е да го потопат во мешавина од живи клетки или бактерии.

Функционира така што светлината која низ него поминува има интеракција со златните наночестички, кои се туркаат во слојот од полимер предизвикани од биолошките сили и звуци.

Туркањето на наночестичките поблиску до влакното предизвикува нивна поголема интеракција со светлината, притоа зголемувајќи го интензитетот на детектираната светлина.

На овој начин, инженерите можеле да ги набљудуваат слабите сили предизвикани од отчукувањата на клетки од срцето, и од движењето на бактериски флагели.

По калибрацијата, техниката со новото оптичко влакно се покажала толку чувствителна да може да открие звуци од -30 децибели, што е 1000 пати послабо од она што го детектира човечкото уво.

Во иднина, истражувачите планираат да ги користат нановлакната за мерење на биоактивноста и механичката активност на поединечните клетки, и да ги подобрат „слушните“ капацитети на влакното за креирање на ултра-чувствителни биолошки стетоскопи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...