Експериментална терапија со вируси за запирање на слепило

Истражувачи од Johns Hopkins Medicine во Мерлиенд, САД, откриле дека некогаш токму вирус може да е најдобро оружје против одредена болест. Тие барале начини за третирање на вид на макуларна дегенерација предизвикана од старост (AMD), наречена „влажна AMD”. Тоа е ретка и потешка форма на болеста која ги зафаќа само 10% од сите MAD пациенти, и предизвикува создавање на нови крвни садови под мрежницата, кои потоа испуштаат крв и течности во окото, што создава проблеми со видот.

Истражувачите знаеле дека би можеле да ја сопрат оваа состојба со супресија на хиперактивниот протеин наречен васкуларен ендотелен фактор на раст (VEGF), што досега се постигнувало со месечни инјекции во окото. Тимот од Мериленд тоа го решил со само една инјекција – користејќи го вирусот сличен на настинка наречен AAV2, како носител на генот кој активира производство на протеинот sFLT01 кој се бори против VEGF.

Во првичните тестови кои вклучувале 19 мажи и жени постари од 50 години, истражувачите ги инјектирале пациентите со форма на AAV2 која била генетски модифицирана да ги пенетрира клетките во мрежницата и таму да го депонира генот. Откога тоа се случило, клетките почнале да произведуваат sFLT01 кој се врзувал со VEGF и го спречувал понатаму да стимулира протекување на течности од абнормалните крвни садови, како и нивен понатамошен раст.

Клиничките тестови покажале ветувачки резултати, а состојбата на 4 од пациентите драматично се подобрила по само една инјекција. Други 2 пациенти имале намалување во собирањето на течноста, додека ниеден од пациентите не почувствувал никакви несакани ефекти, дури и при големи дози.

Кај пациентите кои немале никаква реакција на инјекцијата, било откриено дека AAV2 вирусот бил уништен од 5 природно произведени антитела кои го напаѓаат и спречуваат да ги депонира гените.

Ова истражување е чекор во вистинскиот правец, особено доколку се земе в предвид дека AMD ќе имаат скоро 5.44 милиони луѓе само во САД до 2050-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...