За прв пат создадени лабораториски крвни матични клетки

Во две засебни студии, истражувачите успешно креирале крвни матични клетки во лабораторија. Овој тип на клетки се среќаваат во коскената срж и можат да бидат потрошени од болести како леукемија, или пак од третманите токму за тие болести, како што е хемотерапијата.

Џорџ Дејли, деканот на Медицинскиот факултет на Харвард, и неговиот тим истражувањето го започнале со плурипотентни матични клетки, кои можат да се развијат во било каков вид на клетка во нашата анатомија. Преку набљудување кои протеини ги контролираат гените во матичните клетки од коскената срж, тие успеале да изолираат неколку кои биле есенцијални за клеточната диференцијација (процесот при кој матичните клетки стануваат одреден вид на друга клетка). Потоа тие гени биле аплицирани на плурипотентните клетки со цел да се претворат во клетки кои се наоѓаат во коскената срж.

Друг тим, пак, воден од Рафаел Лис, медицински инструктор на Weill Cornell медицинскиот колеџ, земал клетки од животниски бели дробови кај кои биле пронајдени фактори кои ги охрабруваат белодробните матични клетки да создаваат крвни матични клетки. Тие потоа целосно ги репрограмирале ендотеличните клетки од возрасните глувци за да станат хематопоетични, а нареден чекор би било оваа технологија да се унапреди за да крвните клетки бидат произведени во што поголем број.

Научниците велат дека доколку вакви клетки можат да се произведат лабораториски на безбеден начин и во доволно големи бројки, тоа значи дека веќе пациентите на кои им е потребна крв веќе нема да зависат од донори. Тоа би се случило откога клетките ќе бидат тестирани врз човечки субјекти, бидејќи досега се тестирани само врз глувци. Бидејќи клетките се вештачки создадени, тие не се толку ефективни во создавање крв како природните клетки, а постои и ризик од мутација која би можела да води до развивање на рак.

Доколку сите овие проблеми се надминат и разрешат, еден ден вакви лабораториски создадени клетки би можеле да лечат пациенти со леукемија, српеста анемија или ХИВ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...