Имплант за контрола на егзоскелет со мисли

Науката и иновацијата значително им помагаат на луѓето со физички недостатоци, вклучувајќи ги и оние со целосна или делумна парализа.

Многу од овие асистивни технологии доаѓаат во форма на протези или егзоскелети, за кои постојано има простор за подобрување.

Тим истражувачи водени од Томас Оксли од Универзитетот во Мелбурн развиле уред способен за контрола на егзоскелети со помош на човечкиот ум.

Се работи за метален стент покриен со електроди – наречен „стентрода“ – кој во југуларната вена во вратот се внесува преку мал рез. Потоа преку крвните садови се испраќа до мозокот каде може да ги мери електричните сигнали од мозочните клетки во близина на ѕидот на крвниот сад каде што се наоѓа.

Студија објавена во 2016 во журналот Nature Biotechnology докажала дека оваа техника функционира кај овците. Тестирањата кои траеле 6 месеци покажале дека не се појавиле лузни или воспалувања бидејќи уредот немал директен допир со мозочното ткиво, а ни сигналите од стентот не биле пригушени како што тоа бил случај со електроди кои биле прикачени на скалпот.

Сега, истражувачите планираат клинички тестови врз луѓе некаде во 2018-та, каде ќе бидат вклучени до 5 пациенти од болницата во Мелбурн кои патат од парализа поради повреда на ‘рбетот, мозочен удар, болест на моторните неврони, или мускуларна дистрофија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...