Ретките детски канцери ќе се истражуваат преку тумори стари еден век

Тим научници ги користат најстарите недопрени тумори на располагање за истражување на гени од ретки детски канцери. Нивната студија ќе биде прва која ќе ги секвенцира примероците тумори собирани во изминатите  100 години.

Моментално, исклучително е тешко за научниците кои студираат ретки канцери, да имаат пристап до „тазе“ замрзнати примероци, кои се сочувани во течен азот веднаш по нивното отстранување. Oвие канцери често пати се толку ретки што само неколку деца низ светот ги имаат и е скоро невозможно да се прават клинички тестови за нивни третмани поради малиот број на пациенти.

Сè до оваа студија, најстариот секвенциран тумор бил стар само 32 години. За да ги најдат најстарите недопрени примероци, тимот истражувачи ги пребарувале архивите на најстарата детска болница GOSH – Great Ormond Street Hospital for Children во Лондон, каде биле пронајдени и секвенцирани три примероци на детски тумори собрани пред скоро еден век.

Вообичаено, толку стара ДНК би дегенерирала со тек на време, но ткивото сочувано во формалдехид може да ја задржи ДНК-то скоро еден век. Биле избрани три примероци од различни видови на канцер, од кои била екстрахирана ДНК и секвенцирани 366 гени во секој од нив.

Оваа техника би била исклучително корисна за студирање на ретките детски болести, бидејќи геномите на детските канцери содржат значително помалку мутации отколку оние од канцерите кај возрасните, олеснувајќи им го на истражувачите идентификувањето на специфичните мутации без пречките предизвикани од деградираната ДНК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...