Нов третман за контрола на тип 2 дијабетес

За да го контролираат нивото на шеќерот во крвта, луѓето со тип 2 дијабетес константно се зависни од медикаменти, особено доколку им се потребни дневни инсулински инјекции.


Истражувачите постојано работат на создавање нови методи за испорака на лековите за да се што подолготрајни во телото, а скорешна студија вршена врз глувци и мајмуни покажала огромен потенцијал за нов третман кој би вклучувал само неколку инјекции месечно (наместо секој ден).

Некои од последните генерации лекови за оваа болест содржат молекул наречен GLP1 (glucagon-like peptite-1), кој го стимулира производството на инсулин во телото кога му е потребна глукоза.

За жал, GLP1 има исклучително краток полуживот – бргу се разложува во телото, правејќи го непрактичен за долгорочни третмани. Кога ќе се искомбинира со други молекули, возможно е тој да му се продолжи, но и тогаш не е подолг од 3 до 7 дена.

Сега, тим истражувачи од Универзитетот Дјук во САД успеале да го искомбинираат GLP1 со биополимерски молекул кој има течна форма при студени температури, но се зацврстува во супстанца слична на гел како реакција на телесната топлина.

Тоа значи дека мешавината може да биде внесена во телото преку обична инјекција, за да потоа го испушта лекот бавно, контролирајќи ги нивоата на гликоза подолг период со само една доза.

За да ја тестираат оваа мешавина, истражувачите ја испробале кај глувци и мајмуни, при што резултатите биле одлични – таа кај глувците успешно ги контролирала нивоата на гликоза цели 10 дена по само една инјекција, додека кај мајмуните кои имаат побавен метаболизам, ефектите траеле и до 17 дена.

Тимот смета дека бидејќи човековиот метаболизам е побавен и од оној на мајмуните, теоретски овој лек би траел уште подолго, така што можеби би била доволна и само една инјекција месечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...