Клетки од свињи за третирање на Паркинсонова болест

Биотехнолошката компанија Living Cell Technologies од Нов Зеланд развила третман за Паркинсоновата болест користејќи клетки од хороидниот плексус на свињите.

Овие клетки се наоѓаат во делот од мозокот кој создава микс од сигнализирачки молекули и фактори на раст кои ги одржуваат нервите здрави, па така истражувачите трансплантирале здрави клетки од свињите во 4 човечки субјекти. Осумнаесет месеци по процедурата, резултатите биле ветувачки, па така во мај биле започнати контролирани плацебо тестови со дополнителни 18 пациенти.

Паркинсоновата болест се карактеризира со прогресивно губење на клетките во мозокот кои создаваат допамин, кој му помага на мозокот да го контролира движењето на телото. Целта на овој нов третман е да ги негува постоечките здрави мозочни клетки кај реципиентите, со цел да се забави или спречи нивниот понатамошен губиток.

На истражувачите им се потребни плацебо-контролирани резултати за да се осигурат дека она што го забележуваат кај пациентите не е плацебо ефект. Тоа е многу важно во овој случај бидејќи 4 од пациентите веднаш пријавиле подобрувања, иако нервните клетки физички не можат да одговорат на третманот и да се оформат толку бргу. Но, бидејќи позитивните резултати биле одржани 18 последователни месеци, возможно е резултатите да се легитимни – а одговорот на тоа ќе го даде новата студија.

Доколку третманот се покаже како успешен, ќе може да се употребува и за третирање на други невролошки пореметувања како Хантингтоновата или Алцхајмеровата болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...