Откриен изворот на гените за антибиотска резистентност

Истражувачи го откриле изворот на гените за антибиотска резистентност, што може да се спореди со откривање на „нултиот пациент“ при појава на епидемија. Еволуцијата на разните патогени бактерии и нивната способност да се заштитат од нашите хемиски „оружја“ против нив придонесува пронаоѓањето на клучот на нивната одбрана против антибиотиците да е приоритет.

Ново истражување од Центарот за биоодржливост на фондацијата Ново Нордиск во Данска за прв пат обезбедило докази да ги поддржат сомнежите на биолозите – дека гените за отпорност доаѓаат од истиот извор како и самите антибиотици.

Антибиотиците доаѓаат во разни форми, но сите имаат иста функција – тоа се хемикалии кои влијаат на механизмот специфичен за растење и одржување на бактериските клетки. Повеќето имаат потекло од некоја форма на микробиолошко оружје против другите микроби – повеќе од 75% од антибиотиците кои ги користиме денес доаѓаат од филумот на грам-позитивните бактерии наречени Актинобактерии.

Уште во 1973, научниците забележале дека постои сличност помеѓу акциите на ензимот кој ги „крши“ антибиотиците пронајден во други форми на бактерии наречени грам-негативни, и сличната група ензими пронајдени во Актинобактеријата.

Фактот дека самиот „трујач“ исто така го создава и противотровот има смисла, но доказите дека овие грам-позитивни бактерии се изворот на резистентноста биле слаби.

Во повеќето случаи, гените за резистентноста не еволуираат од самата „супербубачка“, туку од друг вид во нешто што се нарекува хоризонтален трансфер на гените.

Понекогаш бактериските клетки можат да си го менуваат генетскиот материјал помеѓу себе, типично во форма на циркуларни парчиња ДНК наречени плазмиди. Ова може да се постигне или преку вшмукување на фрагменти од ДНК од околината, преку нивно пренесување од страна на вирус или преку трансфер низ структура наречена пилус која е слична на цевка, во процес кој се нарекува конјугација.

Со откривањето на сличности во анти-антибиотските процеси помеѓу грам-негативите и Актинобактеријата, истражувачите предложиле „хипотеза на создавачот“, сугерирајќи дека филумот бил креатор на повеќето, ако не и сите резистентни гени.

Истражувачите ги анализирале бројните резистентни гени во бактерии кои предизвикуваат болести и пронашле сличности – некои гени биле идентични помеѓу двете групи. Анализирајќи ги ДНК секвенците кои ги опкружувале гените, истражувачите заклучиле дека генетската размена би можела да се одвива преку модифицирана форма на конјугација.

Тимот го нарекол овој процес „модел на пренесување“, каде што патогената бактерија го користи својот пилус да инјектира секвенца од ДНК во блиската Актинобактерија, каде таа се рекомбинира со геномот на бактеријата, додавајќи го резистентниот ген во средина на секвенцата.

Штом Актинобактериската клетка ќе изумре, нејзиниот генетски материјал се истура во околината, каде друг член на некој патоген вид може да го апсорбира и користи.

Пронаоѓањето на потеклото на овие резистентни гени може да донесе голема победа во борбата против „супербубачките“, бидејќи не можеме да го запреме генетскиот трансфер, но кога знаеме кои резистентни гени патогените ги имаат во себе, може да се персонализира антибиотскиот третман и да се развијат нови антибиотици со карактеристики против кои патогените немаат одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...