Рибата ги намалува симптомите на ревматидниот артритис

Во една нова студија е покажано дека јадењето морска храна ги намалува болките предизвикани од ревматидниот артритис (RA) – луѓето со RA кои јаделе риба најмалку двапати неделно имале помали отоци на зглобовите отколку оние кои ретко или воопшто не ја јаделе – а резултатите сугерираат дека колку повеќе риба јаделе, толку помалку активна била болеста.

Студијата вклучувала 176 луѓе со RA кои одговарале на прашања врзани со нивната исхрана во времетраење од една година. Нејзините автори биле заинтересирани за тоа колку често луѓето јаделе туна, лосос, сардини или други риби, и дали тие биле подготвени со печење или варење, или пак биле јадени сурови.

Не било истраженo дали испитаниците често јаделе пржена риба, школки или риби во мешани јадења, бидејќи тие оброци имале многу помалку омега-3 масни киселини – тип на маснотии кои имаат анти-воспалувачки карактеристики.



Истражувачите заклучиле дека бројот на отечени зглобови како и крвните маркери за воспалување биле пониски кај оние кои јаделе најмногу риба (2 пати неделно, и повеќе), во споредба со останатите. Ова било заклучено откога резултатите биле прилагодени според повеќе фактори кои инаку би можеле да влијаат на нив, како што се староста, полот, индексот на телесна маса, депресијата, лековите кои се земани, брачната состојба, како и внесот на масти од рибино потекло во вид на суплементи и сл.

Заклучокот на авторите на студијата бил дека поголемиот внес на риба најверојатно е поврзан со пониската активност на болеста кај луѓето кои боледуваат од RA, а доколку истите резултати можат да се реплицираат и кај друга популација во подолг временски период, би можеле да се зацврснат овие докази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...