Безболна лепенка наместо вакцина против грип

Експериментална лепенка еден ден би можела да ја замени годишната вакцина против грип. За разлика од останатите вакцини кои се примат еднаш во животот или само периодично, грипот мутира толку често што е препорачливо луѓето да се вакцинираат против него секоја година.

Според проценките направени од Светската Здравствена Организација, околу 250 000 до 500 000 луѓе годишно умираат од грип.

Со цел третманите да се направат подостапни и пошироко користени, истражувачите работат на можноста за користење на лепенка прекриена со малечки иглички кои би ја испорачувале вакцината преку кожата, наместо преку инјекција.

Во тестирање врз 100 луѓе, било утврдено дека лепенката е безбедна за користење и дека телото генерирало одговор со антитела, што е клучно за справувањето со вирусот. Како бонус, луѓето на кои им е потребна вакцината можат лепенката да си ја стават самите, избегнувајќи ги гужвите во докторските ординации.

Лепенката функционира така што содржи малечки иглички кои се толку ситни што се безболни, исполнети со вакцината. Штом допрат до кожата, таа преку неа навлегува во телото, подготвувајќи го за борба против вирусот. Микро-иглите потоа се разградуваат и лепенката може да се отстрани.

Истражувачите низ светот прават разни истражувања со оваа технологија за изработка на алтернативи на инјекциите за сè – од лекови против канцери, до инсулин за оние со дијабетес.

Покрај грипот, тимот кој ја изработил оваа лепенка истражува дали таа ќе може да се користи и за вакцинирање против полио (детска парализа), мали сипаници и рубеола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...