За прв пат енкодиран филм во ДНК на жива бактерија

Еден од првите филмови, т.е подвижни слики било кога снимени, е искористен за уште едно импресивно прво достигнување – тој бил енкодиран во ДНК на клетки на живи бактерии, во амбициозен експеримент кој ги тестирал границите на биолошките „хард дискови“.

Иако научниците досега складирале огромни количини податоци (вклучувајќи и филмови) во ДНК, ова е прв пат како тоа било сторено во живи бактерии и тоа од типот E.coli.

Се работи за познатата црно-бела снимка од коњ кој што го јаваат, а истражувачите велат дека техниката која била користена за овој процес би можела да им овозможи на живите клетки да станат „молекуларни снимачи“, т.е еден вид на органски снимачи на дигитално видео, кои ќе снимаат досега невидени биолошки случувања внатре во телото.

Неврологот Сет Шипман од Универзитетот Харвард вели дека тие сакаат да ги претворат клетките во историчари. Како невролог, неговата задача е истражување на начинот на кој мозочните клетки се менуваат со тек на времето, а еден од начините тоа да се студира е доколку живите клетки некако се оспособат самит да ги снимаат тие промени.

За да ја тестираат оваа идеја, тимот истражувачи секој пиксел од снимката со коњот ја конвертирале во ДНК код – одреден според одредена конфигурација на ДНК нуклеобазите аденин, гуанин, тимин и цитозин.

Потоа, со CRISPR технологијата за модификување на гени, оваа секвенца на информации била вметната во геномот на бактеријата E.coli, додавајќи нов кадар од анимацијата секој ден. Тимот чекал една недела, оставајќи ја бактеријата во лабораторијата да се поделува и размножува, пренесувајќи го филмот во наредните генерации – како еден вид на биолошки процес за размена на фајлови.

90% од информациите од снимката биле недопрени кога таа повторно се пуштила, што претставува успешен тест кој сугерира дека живите клетки можат да снимаат и сочуваат информација во секвенци, кои потоа можат повторно да бидат екстрахирани.

Ако оваа способност може да се искористи за снимање на друг вид на податоци – како што се промените во експресијата на гените кои влијаат на развивањето на невроните и другите видови на клетки – би можеле да го следиме развојот на болестите во реално време, или да ги предвидиме заканите по здравјето додека сè уште можат да се спречат.

Оваа студија демонстрира дека живите „хард дискови“ можат да се усовршат да снимаат многу поголем обем на информации, ефективно претворајќи се во малечки „GoPro“ уреди внатре во телото



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...