3D принтано човечко срце функционира како вистинско

Научниците развиваат вештачки срца многу години наназад. Меѓутоа, многу од досегашните дизајни се претешки и преголеми, што предизвикува дополнителни потешкотии во нивното успешно интегрирање во човечкото ткиво.

За да се справат со овој проблем, тим истражувачи од ETH Zürich инспирирани од биолошкото човечко срце, решиле да создадат вештачко кое би било скоро идентична реплика на вистинското.

Наместо да користи посебни делови, швајцарскиот тим предводен од Николас Корс, со користење на технологијата за 3D принтање создале вештачко срце од мек, флексибилен материјал. Материјалот бил обликуван во еден дел, моноблок, кој на тимот им овозможил да дизајнираат комплексна внатрешна структура со механизми за пумпање, способни да бидат активирани од силиконските комори. Оваа метода всушност го имитира реалистичното отчукување на човечкото срце.

Нивната цел била да се развие вештачко срце со скоро идентична големина на срцето на пациентот, кое ја имитира формата и функцијата на вистинското срце најдобро што може. Ова 3D принтано срце било успешно тестирано и можело да пумпа течност слична на крвта под притисоци слични како оние на луѓето.

Дизајнот е само доказ дека овој концепт функционира и сè уште не е спремен за да се имплементира во пациенти. Користените материјали, сега засега, не траат повеќе од половина час или неколку стотици срцеви отчукувања, а тимот истражувачи и понатаму ќе работи на овој проект и усовршување на материјалите и дизајнот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...